Во зенитот на летната сезона сме, но тоа може да преставува и проблем, особено за оние девојки кои не се задоволни од својот изглед во бикини.
Токму затоа ги направивме овие неколку совети, кои доколку ги следите, за многу брзо време ќе можете да се појавите на плажа.. и тоа во вашите омилени бикини. Но, да почнеме под ред:
Треба да се потите – и тоа почесто!
Консултирајте се со стручните лица и започнете забрзан програм на тренинзи. Кондиција ќе стекнете, но само доколку вежбате барем три пати неделно. Почнете и почесто да се шетате, а и детоксикацијата е задолжителна. За да постигнете максимален ефект, правете вежби кои влијаат на поголеми групи на мускули истовремено – чучњеви, исчекор, склекови.
Препорака: Вежбајте наутро за да го забрзате метаболизмот!
Вашиот задник и стомакот ви се приоритет!
Глутеусот е најголемиот мускул во човечкото тело. Кога правите вежби за задникот, тогаш согорувате најмногу калории. Но за да изгледате рамномерно и подеднакво добро, вежбајте ги и стомачните мускули. Доколку вежбате барем три пати неделно, резултатите ќе ги забележите по само три недели.
Пијте вода
Доколку не внесувате доволно течности, вежбањето нема да биде ефективно. Препорака од стручните лица е жената да пие вода најламку 5 % од својата тежника (доколку имате 60 килограми, треба да пиете 3 литра вода дневно).
Препорака: Не ја избегнувајте студената вода. Според истражувањата, кога пиете вода со мраз, организмот троши дополнителни калории како би ја одржал нормалната телесна топлина.
Зголемете го внесувањето на диуретиците
Природни диуретици кои можат да ви го забрзат метаболизмот и да ви помогнат во губењето на килограмите се краставици, аспарагус, лимон, зелен чај и храната која што е богата со магнезиум, витамин Ц и кофеин.
Препорака: Јадете повеќе краставици и додајте неколку капки лимон во водата.
Помалку алкохол!
Доколку пиете пиво секоја вечер, намалете на три вечери во текот на неделата. Намалете го внесувањето на калории и обидете се да останете свежи за тренинг.
Препорака: Секогаш пијте алкохол во сендвич со вода – пред и по алкохолот испијте вода за да го избегнете ефектот на дехидритација.
А еве и едно видео кое ќе ви илустрира како најдобро да вежбате за да го постигнете саканиот резултат уште подобро:
{youtube}NMqeJdfboN4{/youtube}