Реклама
Секс

Пет најлоши работи кои можете да ги направите по прекин на врската!

Реклама

Раскинувањето може навистина да биде застрашувачка работа, поготово ако тоа ви дошло неочекувано, па срцето понекогаш ќе не натера да мислиме и се однесуваме шашаво…

Amy Höglund, автор на книгата “Your Boyfriend’s Best Girlfriend” („Најдобрата другарка на вашиот дечко“ – слоб.прев.) во една своја колумна направи листа на најголемите грешки кои луѓето ги прават после раскинување. „Лудачките“ испади само може да ја направат целата ситуација полоша, па после тоа може да се чувствувате уште полошо…

Маркетинг

alt 

Лично сум за прекин на сите контакти, што вклучува бришење на броеви од мобилниот, отстранување од пријатели на Фејсбук, неговиот e-mail, враќање или фрлање на лични ствари предмети. Но сите знаеме дека тоа е многу полесно да се каже отколку да се направи…“, пишува Höglund.

Маркетинг

5. Преточување на својата болка во песна. Нема ништо лошо ако си ја пуштите омилената песна, па пеете и плачете затворени во соба. Но верувајте, нема потреба вашето дебитанстко депримирачко видео да се најде на youtube. Ова е дел од прекинот на врската во кој би требало да патите во тишина!

4. Преколнување и молење. Извинувањето е една работа, но преколнувањето е сосема друга. Помислете: Дали би ја почитувале личноста која би ви се вратила на ваков начин? Веројатно Не. Затоа, ценете се себе си и не дозволувајте си да потклекнете.

alt 

3. Повторно заедно – прерано. Понекогаш прекините се потребни за да се оддалечите и приберете. Но, брзате ли повторно да се вратите заедно, а не сте поработеле на проблемот, најверојатно старите и актуелните проблеми повторно ќе излезат на површина. Затоа, дакте си доволно време за да расправате за нив.

2. Развивање или негување на пороци. Прекините можат да бидат поразителни, дури и толку драматични, за да комплетно ви го променат животот. Но начинот на кој реагираме на нив, ќе одреди колку тоа ќе делува на вас долготрајно. Секако, можете да се оддадете на пороци како што се прејадување или пак воопшто да не јадете, пиење и слично. Само имајте на ум дека резултатот од топење на вашата тага, може да ве помести од колосек на подолго време.

alt 

1. Барате одмазда. Од прва може да ви изгледа како добра идеја – некому да вратите мило за драго, затоа што ви го скршил срцето. Но тоа ќе ве повреди вас повеќе отколку личност на која се осветувате (а можно е таа никогаш тоа и да не го дознае). И никогаш не знаете, но можеби распаѓањето е само привремено, а вашите одмазнички дела може трајно да ви го загорчат животот. Повеќето луѓе ќе ви кажат дека одмаздата е очајнички чин кој ќе ги „скрши“ и најсилните и најиздржливите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button