Реклама
Престиж

5 Факти за Lamborghini

Реклама

„Дали сте голем фан на Lamborghini?“

Маркетинг

Повеќето од нас се сложуваат дека Lamborghini е спортска кола со магичен изглед и сигурен сум дека многумина богати луѓе, со страст за ваков тип на автомобили, воопшто не би се двоумеле да „сместат“ еден примерок во својата гаража, кога би им се пружила прилика за тоа. Моделите како Lamborghini Diablo, Gallardo и Murcielago претставуваат чоколада за очите и божествен нектар за усните. Еве 5 факти кои треба да ги знаете за Lamborghini……

alt

Маркетинг

                                 Lamborghini – Murcielago R-GT

Факт 1:
Дали знаете дека најбрзо Lamborghini, со документиран рапорт за брзина од 379 km/h. – е Le Mans верзијата на Murcielago R-GT  моделот. Најбрзиот уличен модел на Lamborghini, со рапорт за брзина од 340 km/h. е Murcielago LP640. Обата модела имаат V12 мотор, со зафатнина од над 6 000 кубни сантиметри.

alt

                                    Lamborghini – Murcielago LP640     

Факт 2:
Дали знаете дека Lamborghini порано беше самостојна и независна компанија, но во 1978г. банкротираше и беше продадена на Американскиот произведувач, Chrysler. Во 1998г. Германската компанија Audi AG, стана нов сопственик.

Факт 3:
Повеќето модели на Lamborghini се произведени со V12 мотор, иако најновиот модел, Gallardo, има V10 мотор. Ни едно Lamborghini не е направено со помал мотор од V8.

alt

                                           Lamborghini – Gallardo

Факт 4:
Првото Lamborghini e направено во 1963г. и ја носело ознаката 350GTV. Со најголема брзина од 280 km/h., било екстремно брзо во тоа време. Првиот модел кој развил брзина од над 300km/h. излегол во 1974г. и бил наречен Countach.

alt

                                         Lamborghini – 350 GTV, 1963г.

Факт 5:
Дали сте знаеле дека Countach, Diablo и Murcielago, сите имаат врати – „ножички“ (што ротираат нагоре и нанапред на зглоб во близина на предниот дел од вратата), но не и Gallardo. Diablo и Countach веќе не се произведуваат, па така единствено Lamborghini, со врати – ножички е Murcielago.

alt

                                           Lamboghini – Murcielago

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button