Седа коса, несовршени мерки и природна убавина – прекрасни фотографии со 57 годишна манекенка во долна облека!
Жената секогаш е убава, без разлика на годините и совршените пропорции кои ни ги наметнува модната индустрија
А овие фотографии се совршен доказ за тоа…
Познатите брендови за долна облека во своите кампањи избираат млади и витки манекенки. Дури и оние кои во последно време се фокусирале на воведувањето на плус-сајз манекенките во модната индустрија, водат грижа моделите да не бидат постари од 27 години.
Но, како и во се друго, постојат и оние кои мислат поинаку и тоа сакаат да му го покажат на целиот свет. Пример за тоа е Lonely Lingerie, познат бренд од Нов Зеланд кој во својата најнова кампања се фокусираше на жени во 50-тите години, и ние сме воодушевени од овој чекор
Брендот ја ангажираше Мерси Бревер, манекенката која е присутна на сцената уште од 1980 година. Секако, таа е професионалец, но имајте на ум дека Lonely Lingerie и порано во своите кампањи претставуваше модели кои се помалку присутни во медиумите. Пример за тоа е и кампањата во која се појавува трансродниот модел Аурел Хаизе Одогбо.
Манекенката Мерси е воодушевена што токму таа е главно лица во оваа кампања, а тоа го објасни со следните зборови: „Верувам дека дојде моментот кога почнува да се прифаќа и убавината на постарите жени, со сите несовршености. Оваа кампања ги охрабрува другите дами и ги наведува да ја прифатат староста како нешто позитивно и убаво“.
Премини на следната страна >>