Имаат нож, ме избодеа – хорор во британски воз, деветмина се борат за живот
„Тогаш видов човек како трча низ вагонот со крвава рака, викајќи „Имаат нож – ме избодеа!„“, раскажува патникот Оли Фостер, кој вечерта на 1 ноември се нашол во возот што тргнал од Донкастер и се движел кон Лондон.

Девет лица се борат за живот по масовно прободување со нож во воз кој се движел од Донкастер кон Лондон, а хоророт се слуил кај Кембриџшир, на околу 80 км од британската престолнина. Двајца осомничени се во притвор, а антитерористичките единици ја презедоа истрагата.
Очевидец ја опиша паниката во возот:
„Тогаш видов човек како трча низ вагонот со крвава рака, викајќи „Имаат нож – ме избодеа!„“, раскажува патникот Оли Фостер, кој вечерта на 1 ноември се нашол во возот што тргнал од Донкастер и се движел кон линијата на „London North Eastern Railway“ (LNER), пред да запре на станицата „Хантингтон“ во округот Камбриџшир.
Според неговото сведоштво, атмосферата во возот била „чиста паника“ – патници се криеле во тоалетите додека другите се обидувале да избегаат преку вагоните. Фостер се сетил дека ја почувствувал својата рака прекриена со крв откако се потпрел на столицата.
„Еден постар маж ја „блокираше“ раката на напаѓачот кон една помлада девојка, при што сам претрпе повреди на главата и вратот“, раскажа Фостер, додавајќи дека другите патници користеле своја облека за да ја сопрат крвавата рана.
Како што се наведува од Британската транспортна полиција (British Transport Police), девет лица се хоспитализирани со повреди што се сметаат за опасни по живот, а десеттото со полесни рани. Двајца осомничени се уапсени, истрагата ја поддржуваат антитерористички единици.
View this post on Instagram
Нацијата е во шок, а била активирана националната шифра „Плато”, означувајќи можен терористички акт, иако подоцна била повлечена.
Во светло на трагичните настани, премиерот на Велика Британија, го опиша нападот како „апсолутно неподнослив“ и им се заблагодари на спасувачките служби за брзата реакција.
Поради сериозноста на нападот и големиот број повредени, патниците се пренасочени кон други насоки додека линиите повторно не се вратат во нормала.




