И омилениот турски актер се соблече – овој детаљ ги шокираше сите, жените посебно изненадени
Шок трансформација на познатиот актер

Беше и остана неостварен сон на многу дами
Еден од најпознатите турски актерки, Бурак Озчивит, познат по улогата на Бали-бег, ги воодушеви дамите со еден потег.
Имено, шармантниот турски актер кој се прослави со една од главните улоги во серијата „Сулејман Величествениот“, уште еднаш покажа зошто важи за омилениот лик од сериите на многу дами.
Принтскрин/ Јутуб
Бурак овој пат на својот профил на социјалните мрежи сподели фотка со која покажа како си ги полни батериите.
Тој позираше во базенот, влажен и со исончаното разголено тело во преден план, па ги освои женските срца.
Принтскрин/ Јутуб
Само една фотографија беше доволна за да покаже зошто се уште е на првото место меѓу омилените турски актери, а ова секако важи и за многу дами од Македонија кои ги следат турските серии.
Принтскрин/ Јутуб
Следуваа бројни позитивни коментари на сметка на неговиот изглед, а како Бали-бег изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Покрај згодното тело на маркантниот турски актер кого многу Македонки се уште го памтат по улогата на Бали-бег Малкочоглу, во фокусот беше и еден детаљ што не можеше да помине незабележано.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Имено, Бали-бег неодамна ги избричи своите мустаќи, па сега ги изненади сите и со својата нова трансформација.
Но за разлика од фотографијата од пред неколку дена кога многу дами го критикуваа за оваа промена, овој пат, кога тој ги покажа мускулите, оваа трансформација помина речиси и незабележано.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Останува уште да видиме дали Бурак наскоро ќе претстави и некоја нова улога заради која ја направил оваа промена, но едно е сигурно – за неговиот нов изглед уште долго време ќе се зборува.