Реклама
Новости

52 жени болни од рак се појавија на ревија во улога на манекенки – публиката ги испрати со громогласен аплауз

Реклама

Италијанската модна куќа „Raptus&Rose“ одржа модната ревија во Верчели, која инспирираше многумина.

Иако модните парчиња беа прекрасни, вниманието беше насочено кон приказната за жените кои ги носеа моделите. Наместо 52 модели, 52 жени чекореа на пистата, на возраст од 30 до 80 години, кои страдаат од различни видови на рак.

Маркетинг

Силвија Бисконти, основач на брендот „Raptus&Rose“ заедно со Друштвото за рак на дојка, излезе со идеја дека шоуто треба да го носат жени кои се на крајот од нивната терапија.

Таа разговараше со  новинарите на италијанскиот весник „Corriere della Sera“. „Целта на настанот беше да се испрати порака дека болеста не мора да биде пречка во потрагата по убавина“ вели таа во нејзиното интервју.

Маркетинг

Ревијата стана терапевтско искуство кое им дава на жените на знаење дека се уште имаат убавина и покрај болеста. Ова е искуство кое ја учи жената на љубовта кон себе.

Идејата за една ваква ревија е родена од желбата жените кои се подложени на онколошки третман да го подигнат нивниот квалитет на живот. Ова е настан кој стана исцелителски потег “, вели Силвија, која верува дека психолошката поддршка меѓу заболените е исто толку важна колку и медицинскиот третман на кој сите се подложени.

Таа се согласува со нејзината долгогодишна соработничка, пензионираната докторка Лорета Калиман, која за ова Акцијата вели: „Лековите многу помагаат. Но, ако нема доволно добра психолошка поддршка, пријателски односи , самите лекови често не се доволни.”

Жените покрај крeациите на својата глава носеа преубави цветни турбани.

Граѓаните на гратчето Верчели беа длабоко трогнати од овој настан, а многу од нив истакнаа дека таквиот настан во овој град не е запаметен.

Откако жените прошетаа низ пистата, целата сала станала на нозе ракоплескајќи им. Крајот на ревијата беше спектакуларен. Овие жени добија име дека се вистински „воини”, а во големото финале на ревијата тие се појавија меѓу публиката, која цело време им пружаше рака како поддршка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button