Хали Бери на н Истаграм профил често споделува фитнес совети на нејзините обожаватели кои со нетрпение сакаат да ги откриат нејзинит тајни.
Иако за ваквиот изглед имаат улога и гените, јасно е дека актерката вложува и многу напори за да добие витка и затегната линија.
Овој пат таа реши да го открие начинот на кој се храни.
https://www.instagram.com/p/BuMjtZvguTP/?utm_source=ig_embed
„Ќе ви откријам како изминативе десет години ја одржуваам мојата линија и зошто сум постојано полна со енергија, – тајната е во здрава диета”, признава таа.
„Да, добро сте прочитале – десетгодишна исхрана. Но, не грижете се. Не се работи за класични диети кои вклучуваат глад, туку за разновидна, избалансирана исхрана која вклучува избегнување на нездрава храна.
„Нашиот внатрешен организам е добар само онолку колку што го храниме, со она што го внесуваме гради основа”, пишува таа, и започна дискусија за важноста на планирањето и прилагодувањето на оброците со вежбањето , но исто така и за зависноста од сок и за храната што помага во борбата против анексиозноста и придобивките од детоксикација со одредени пијалоци.
https://www.instagram.com/p/BsybgMbjmJe/?utm_source=ig_embed
На Instagram Story, и се приклучи и нејзиниот тренер кој посочи дека јајцата, авокадото и оревите се храна што ќе ви даде доволно енергија.
Таа, исто така, откри дека речиси никогаш во нејзинот дом нема чипс, бисквити и друга нездрава храна, бидејќи така може да падне под влијание и да почне да ја јаде.