Во текот на слабеењето, многумина се одрекуваат од дотогашниот начин на исхрана и прифаќаат некои сосема нови и строги правила. Но, за здраво слабеење, најважно е да внесувате оптимални количини на нутритивни состојки кои може да ги дадат само одредени намирници.
Ви откриваме од кои 5 никако не би требало да се откажете во текот на диетата.
1. Намирници богати со омега 3 масни киселини
Важно е во секојдневната исхрана да внесувате лосос, туна, јаткасти плодови, маслиново и ленено масло.
2. Житарки
Не се сите јаглени хидрати ваши непријатели. Целите житарици се богати со протеини, хранливи влакна и витамин Б, коишто играат важна улога за нормално варење.
3. Јаболков оцет
Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на јаболков оцет може да го намали индексот на телесна маса и обемот на струкот. Најдобро е да го консумирате со вода и истиот да биде домашно приготвен.
4. Темно чоколадо
Еден ред темно чоколадо кое содржи 70% чисто какао би требало да биде составен ден од вашата секојдневна исхрана.
5. Кокосово масло
Кокосовото масло е заситена масна киселина и е познато по своето антибактериско и антивирусни својство.
Тоа можете да го користите како додаток во јадењата, а најголемо влијание има доколку секојдневно консумирате една мала лажица од него.