Реклама
BEAUTYДиети

5-минутни трикови за здраво слабеење: Навики кои ќе ви помогнат да ја добиете посакуваната фигура

Реклама

Малите промени во животните навики може да направат голема разлика во обемот на вашиот струк. Еве неколку мали и брзи трикови кои ќе ви помогнат во слабеењето.

Секојдневно пешачете дополнителни 5 минути

Обидете се секојдневно да пешачете дополнителни пет минути. Дури и малите чекори подразбираат некаков вид физичка активност, а долгорочно гледано ќе имате позитивен ефект.

Дозволете си овошјето да ви биде на видно место

Оние кои секогаш при рака имаат нездрава храна, генерално имаат и вишок килограми, за разлика од оние кои секогаш имаат чинија со овошје пред нив.

Маркетинг

Кога ќе огладнете во текот на денот, помирисајте банана

Звучи чудно, но мирисот на банана или јаболка го намалува апетитот. Научните истражувања покажале дека оние кои мирисаат банана кога ќе имаат „напад на глад“, побрзо ги отстрануваат несаканите килограми. Освен мирисот на ова овошје, помага и мирисот на ванила или нане.

Пред секој оброк испијте чаша вода

Нашиот мозок често го помешува чувството на глад и жед, па често посегнуваме по храна иако навистина сме само жедни. Затоа, научно е докажано дека чаша вода пред оброкот ќе ви помогне побрзо да се заситите и со тоа да внесете помалку калории.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button