Реклама
Култура[тор]

Најубавите филмови инспирирани од вистинити љубовни приказни

Реклама

Подготвивме за вас 5 филмови за силна и чиста љубов, сите базирани врз реални настани. Гледајте ги и уживајте во нив.

филмови 1

Кралица на пустината (Queen of the Desert)

Маркетинг

Филмот е екранизација на биографијата на британската писателка и патувачка Гертруда Бел. Како ќерка на добро ситуирани родители, девојката немала никаков интерес за социјалниот живот на лондонските аристократи. Гертруда (која ја игра Никол Кидман) оди на Истокот, каде се заљубува во Хенри Гадоган, вработен во амбасадата, кого го игра Џејмс Франко.

филмови 5

Маркетинг

Опасна убавина (Dangerous Beauty)

Овој филм е адаптација на биографијата на една од најпознатите и најубавите венецијански куртизани од 16-от век, Вероника Франко (Кетрин МекКормик). Оваа млада жена се вљубува во момче со добро потекло кој не може да и стане легален сопруг. Следејќи го советот на мајка и, Вероника станува куртизана и благодарејќи и на нејзината досетливост и убавината, таа успева да го звојува срцето на својот љубен.

филмови 4

Прекрасен ум (A Beautiful Mind)

Ова е приказна за талентираниот математичар и добитник на Нобеловата награда, Џон Неш, кој боледувал од шизофренија. Неш го игра неверојатниот Расел Кроу. Покрај неверојатните достигнувања и потешкотиите со кои овој гениј мора да се соочува, филмот ја покажува и искрената и чиста љубов на неговата посветена жена, Алисија Лард, која ја игра Џенифер Конели.

филмови3

Од по линијата (Walk the Line)

Биографска приказна за славниот кантри пејач, Џони Кеш и неговата втора жена, Џун Картер. Џони, кого го игра Џоакин Феникс, сонувал за таа жена над 10 години. Неговиот семеен живот почнал да се распаѓа: зависност од дрога, семејни и психолошки проблеми – само големата љубов може да го спаси од се. За улогата на Џун Картер, познатата актерка Риси Витерспун беше номинирана за наградата Оскар.

Нешто што вреди да се изгледа – приказна за култниот македонски бенд Mизар >>

филмови 2

На работ на љубовта (The Edge of Love)

Филмот раскажува за познатиот поет Дилан Томас, кој е оженет човек, но, ја сретнува неговата прва љубов, Вера Филипс и се влубува во неа повторно. Кира Најтли и Метју Рајс мошне вешто ја доловија оваа тешка врска меѓу двајцата љубовници.

филмови 6

Нова мистериозна серија на БиБиСи која сакаме да ја гледаме >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button