Oгромна тага – почина познатата актерка

Црногорската актерка Александра Аќимовиќ Поповиќ, попозната како Саша Монтенегро, почина на 78-годишна возраст.
Имено, како што е наведено, причината за нејзината смрт е мозочниот удар кој го доживеала, а тажната вест ја потврдила и Националната асоцијација на актери на својот Фејсбук профил.
Taa е родена во Бари, Италија, а нејзиното семејство емигрирало од Југославија vо Аргентина. Саша реши да се проба во Мексико, каде имаше успешна уметничка кариера и стана позната актерка.
Оваа Црногорка ја красеше неверојатна убавина, што и донесе и интересни деловни понуди. Сето тоа во комбинација со нејзината харизма и овозможи да стане една од најпопуларните, но и најубави мексикански актерки.

Кариерата ја започна како модел, а потоа влезе во светот на мексиканските сапуници и доживеа вртоглава слава.
Сепак, нејзиниот љубовен живот беше најинтересен за јавноста. Со растот на популарноста во Мексико, нејзиното име почна да се слуша низ целиот свет.
Оваа слава и овозможи да биде во контакт со најмоќните луѓе од тоа време. На врвот на својата слава, таа го запознала Хозе Лопез Портиљо, претседателот на Мексиканската Република од 1976 до 1982 година и таа средба во голема мера ја променила нејзината судбина.




