Реклама
Дом и семејство

4 работи кои сите ги имаме, а НЕ им се потребни на нашите деца

Реклама

На децата не им требаат многу работи иако ние така мислиме. Всушност, им требаат само неколку работи – нашето време и нашата поддршка за да се чувствуваат безбедно и сакано, а тоа е мала цена што треба да ја платиме.

Маркетинг

Сите читаме што треба да правиме за да имаме успешни и воспитани деца. Нашите домови се преполни со работи кои сè заедно чинат и по неколку просечни плати. Многу родители се грижат дека не се во можност да им го обезбедат на децата она што го имаат нивните другари. Секогаш кога ќе се почувствувате лошо потсетете се на следниов список на работи кои дефинитивно не им се потребни на вашите деца:

1. Дефинитивно не им требаат тон играчки кои светат, свират, пеат и трошат куп батерии.
2. Не им требаат најнови модели на мобилни телефони или таблети какви што имаат нивните другари.
3. Апсолутно не им се потребни шарени брендирани парталчиња од продавници во кои ти е страв да влезеш.
4. И секако не им се потребни низа активности како пливање, јавање, тенис, скијање и слично секој ден по училиште.

Маркетинг

Сега да се задржиме на она што НАВИСТИНА им е потребно:

1. Потребна им е вашата љубов и поддршка. Јасно е што подразбира ова – разбирање за истурената чаша наместо карање, разговор за малите обични работи што го сочинуваат животот секој ден, а не само објаснувања што се очекува од детето, што треба а што не треба да прави. Заеднички ручек, прошетка и почесто користење на волшебните зборови „те сакам“.

2. На децата им требаат обични, едноставни играчки: коцки, хартија и боички, кукли како и поттик да ја користат фантазијата и да си играат со се што ќе им дојде до рака. Картонските кутии, кутиите од јајца или пластичната амбалажа можат да бидат прилично интересни. Детето треба да си пронајде специјално место каде ќе си ја чува својата колекција играчки, на пример голема картонска кутија која може да се смести под креветот и да се полни со копчиња, каменчиња, школки, кутивчиња, ситни парички …

3. На децата им е потребна облека која можат да ја валкаат. Секако, потребна им е и облека за свечени пригоди, а ова посебно важи за девојчињата кои сакаат да се дотеруваат. Исто така можат да им се најдат и кецели кога ќе помагаат во кујната или фустаните и марамите на мама кога ќе си играат.

4. Потребно им е време кое ќе го поминуваат со родителите и роднините. Треба да ги изнесете надвор да си играат, да ги однесете во зоолошка. Треба да посетат фарма, друг град, да посетат музеј, да видат фонтана, да одат на пливање. Треба да поминуваат време во природа. Децата треба да се галат, милуваат, потребни им се шеги и песни, и треба да бидат опкружени со луѓе од сите возрасти.

5. На децата треба да им се овозможи да поставуваат прашања, но исто така и треба да се упатат како сами да го бараат одговорот на прашањата што ги интересираат во книгите или во опкружувањето. Треба да користите реченици како: „Не знам, ајде да го побараме одговорот заедно“, или „Тоа е одлично прашање, мило ми е што тоа ме прашуваш“. Поставувајте им прашања како „Да си животно што би сакал да бидеш?“, или „Да си боја, која боја би била?“.

6. На децата треба да им се овозможи да истражуваат. Треба да им дозволите да се качуваат високо, да пливаат, да си играат со дрвени стапови и каменчиња. Охрабрете ги да возат велосипед или да јаваат коњ, иако на почетокот ќе бидат исплашени. Оставете ги сами да ги разрешуваат малите конфликти со другите деца. Нека трчаат додека не се изморат. Можат и да се вклучат во работи како подготовка на ручек или сок, или продавање/ купување овошје. Потоа дозволете им да ги потрошат заработените пари како сакаат или да ги поделат со друг.

7. На децата им е потребен сон. Децата треба да одат во кревет на време за да бидат одморени за утрешниот ден. Треба да го поминуваат времето подалеку од телевизорот, компјутерот или таблетот. Можеби ќе сакаат да спијат во шатор, кога времето е топло. Им требаат моменти на тишина за да ги слушнат сопствените мисли но и галама од музички инструменти, песни, марширање и танцување.

8. На децата им требаат книги и родители кои ќе им ги читаат. Им требаат и други деца, другарчиња или братчиња/сестрички на кои ќе им читаат. Потребни им се книги од кои ќе се воодушевуваат и со кои ќе се забавуваат. Им требаат песнички и стихови кои ќе ги повторуваат. Потребни им се ликови кои живеат на некои интересни места и историски личности кои инспирираат. Им требаат херои на кои ќе им се воодушевуваат и губитници кои ќе ги сожалуваат.

Според тоа, ако имате предолг список на желби за играчки кој не знаете како да го исполните или разочарано гледате како другите родители набавиле некоја современа занимација за децата а вашиот буџет не ви дозволува, или ако се чувствувате виновни што не можете да го запишете детето на гимнастика, балет или карате, не треба да се чувствувате виновни или да се разочарувате. Едноставно, концентрирајте се на работите кои навистина им се потребни на вашите деца, а не се скапи. Задржете се на нашиот список погоре.

Извор: Zelena učionica

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button