Вистински џентлмен: Погледнете какво изненадување и приреди Немања Гудељ на бремената Анастасија за роденден!
Пејачката е пресреќна...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ денеска го слави својот 25-ти роденден.
Налсеничката на Цеца Ражнатовиќ, е во петтиот месец од бременоста а сега нејзиното момче Немања Гудељ со кој чека ќерка и приреди незаборавно изненадување.
Имено, Немања ја изненади Анастасија со торта на која беше напишан бројот 25, а потоа шарени балони и плишани играчки.
– Те сакам – напиша таа во описот на фотографијата, а можеше да се види и дел од луксузниот дом во кој живеат Немања и Анастасија во Севиља.
Анастасија веќе извесен период е во Шпанија, каде што ужива со своето момче. Колку се сакаат и колку е сериозна оваа врска, говори и фактот што Немања и Анастасија за неколку месеци ќе станат родители.
Анастасија треба да се породи во средината на септември и да роди девојче.
Многу се шпекулираше за венчавката на Анастасија и Немања и за тоа каде ќе се одржи, а според медиумите младиот пар планира да организира интимна венчавка само за своите најблиски роднини и пријатели.
Како што неодамна објавија тамошните медиуми, церемонијата била планирана за јули годинава. Парот избрал да се венча во Севиља а потоа следната година ќе следува гала-венчавка и црковната венчавка.
– Анастасија и Немања се пресреќни што ќе добијат ќерка. Тие веднаш им ја соопштија на своите семејства добрата вест. Цеца плачела, а Вељко бил пресреќен што ќе стане вујко. И семејството на Немања со нетрпение го очекува доаѓањето на бебето. Мајката на Гудељ, Оливера, едвај чека да го добие првото внуче, како и таткото Небојша. Сите се воодушевени – ја започнува приказната извор близок на парот.
-Таша сакаше да се породи во Шпанија за нејзината ќерка да го добие нивното државјанство. Затоа ја покренала постапката за добивање постојан престој во таа земја. Но, таа процедура се уште не е завршена, па таа не може да дојде во Србија. Но, таа едвај чека да заврши се за да дојде во Белград, бидејќи семејството и недостасува многу – додава изворот.