Кога Ана Винтур дава интервју, сите модни дизајнери се претвораат во уво. А кога открива што најмногу ѝ се допаднало на модните ревии за 2020 година, веќе знаеме дека тоа ќе биде топ тренд! Во пролет и лето 2020 година дизајнерите, пред се’, ќе не’ облечат во најразлични дезени. Кои 3 парчиња облека треба да ги купувате оваа година? Дознајте во продолжение.
Мантил
После низата сезони во кои јакната со својата практичност ги потиснуваше другите модни решенија за преодниот период, мантилот е навистина број 1. На модните ревии за 2020 година внимание привлекоа и кратките модели, кои потсетуваат на јакна. Секако, моделот со кратки ракави ќе изгледа одлично и во спортска, но и во деловна варијанта.

Балетанки
Рамните чевли се враќаат на големата врата, а посебно внимание привлекуваат моделите со детали, како што е ременче околу ногата или врв на чевлите во контрастна боја.

Чипка
Заборавениот, нежен материјал, се враќа на големата врата. Ако имате парче облека со чипка, подгответе го за сезоната која ни доаѓа наскоро!
