Нивото на брзина на метаболизмот зависи од неколку фактори како што се годините, тежината и генетските фактори.
Иако не постојат многу опции со кои ќе промените нешто значајно на овие полиња, сепак постојат избори кои влијаат на тоа дали метаболизмот ќе се забрза или успори. Доколку губењето на несаканите килограми ви е главна цел, тогаш обидете се да ги избегнете овие постапки кои ја успоруваат работата на метаболизмот уште од раните утрински часови.
Јадење дицна навечер
Прескокнувањето на појадокот е една од најлошите работи кои може да ги направите за да загубите на тежина, едноставно затоа што драстично ја намалува брзината на метаболизмот. Кога не јадете, мозокот му испраќа знаци на остатокот од телото да зачувува енергија и да го складира салото во организмот, токму кога вие сакате да се ослободите од него.
Појадувањето во рок од еден час после будењето, го насочува метаболитичкиот процес наречен ’термогенеза‘ да ја претвора храната во енергија. И запомнете: шолја кафе не се смета за појадок! Наместо тоа одберете некои високопротеинско јадење со помалку од 350 калории (како омлет со сирење, овошен јогурт со ореви или лешници, житарици со млеко…). И не одбегнувајте ги оброците во текот на денот како би го задржале нивото на шеќер во крвта на посакуваното ниво, затоа што во спротивно телото ќе започне да црпи енергија од мускулите.
Отсуство на вежбање
Истражувањата покажуваат дека кога вежбате редовно, телото продолжува да согорува калории дури и 24 часа после престанувањето со вежбите. Исто така утринските вежби предизвикуваат поголемо губење на калории, за разлика од оние моменти во текот на денот кога постојано се потите, но постигнувате минимален ефект. Доколку планирате да вежбате со цел да загубите килограми, најдобар совет до кој можете да се придржувате е тоа да го правите наутро (до пладне). А вклучувањето на кардио вежби во овој процес докажано предизвикува масовно губење на тежина, затоа што најактивно се вклучуваат гените, задолжени за топење на мастите.
Избегнување на железо
Црвеното телешко месо значително помага во согорувањето на калориите и само со додавање на 2 до 4 килограми телешки мускул месечно во вашата исхрана, автоматски придонесува до зголемено согорување на масти. Во бројки изразено, до 100 калории дневно повеќе. Доколку во тренажниот процес адаптирате и утринска рутина од барем 10 минути вежбање, во комбинација со дневно внесување на телешко месо, кое е богато со железо (основно за топење на масти), бргу ќе ја постигнете посакуваната цел.
Извор: health.com