Бракот не е нешто кон што сите тежнеат. На некои личности едноставно им е незамисливо да го поминат животот со само еден партер. Кога станува збор за хороскопот, по тоа прашање се издвојуваат три хороскопски знаци во кои најчесто се раѓаат луѓето кои се во потрага по вечна авантура.
Близнаци
На овие мажи брзо им се здосадуваат работите, па така и љубовните врски. Желни се за авантура и да откриваат нови работи, а тешко може да се замислат во врска со само една личност до крајот на својот живот. Интелигенцијата за нив е најпривлечна особина, па нив може да ги скроти само партнер/ка која ќе ги стимулира интелектуално.
Јарец
На Јарците им е тешко да прифатат моногамен начин на живот и сметаат дека поприродни се отворените врски. Тие тоа јасно им го даваат до знаење на своите потенцијални партнери, од кои исто така не очекуваат да живеат во моногамија.
Водолија
И за Водолијата моногамијата е нешто неприродно и напорно, затоа што овие личности се родени авантуристи, кои живеат за излегување, забава, патувања и нови познанства. Да го поминат животот со една личност? Па тоа за нив е незамисливо!