Да се има личен тренер денес е луксуз.
Да се има личен тренер денес е луксуз. Сепак, секому добро би му дошло некој да го надгледува додека вежба, затоа што на некој начин тоа го мотивира. Покрај тоа, овде важен дел е исхраната. Професионалните тренери водат здрав живот и многу водат сметка за тоа како треба да се хранат. Еве кои 3 правила ги препорачуваат професионалните тренери кога е во прашање исхраната, а не се сомневаме дека сите три правила се едноставни и многу разбирливи.
1. Јадете ги оние намирници кои можете да ги најдете во природата
Па, заборавете на се` што е вештачко, затоа што тоа не е здраво за вашиот организам. Знаете и самите колку подобро се чувствувате кога ќе се одморите од брзата храна. Па, со правилна исхрана и соодветно спортување, вашата линија е гарантирана!
2. Јадете само кога сте гладни
Јадете кога чувствувате глад. Така, кога ќе почувствувате дека сте заситени, прекинете со оброкот. Предјадењето не е добра идеја. Исто така запаметете дека доколку пиете доволно количина вода во текот на денот, вашата потреба за поголема порција значително ќе се намали.
3. Јадете храна која има добар вкус
Веројатно сте помислиле дека вкусна е само онаа храна којашто не е здрава. Доколку е така, тогаш вие со сигурност не знаете да подготвувате сјајни солени и слатки јадења коишто може да се добијат од здрави и вкусни намирници, па крајно време е да се потрудите малку повеќе и да побарате некој ваков рецепт.
Овие правила се толку едноставни, па можете и вие, зар не?