Реклама
BEAUTYФитнес

25-годишната Хрватка која учествуваше во шоуто „Живот на вага“ изгуби 50 килограми, па се соблече во костим за капење

Реклама

Хрватицата Јосипа Лопац (25),која беше  кандидат во третата сезона на „Живот на вага”,  по завршувањето на ова реално шоу продолжи со диетата и тренинзите.

Фото: Јосипа

Често, на социјални мрежи, се фали со фотографии на која ја покажува својата фигура како и процесот на губењето килограми, па така неодамна објави фотографија на која позира во дводелен костим за капење.

Маркетинг

– По осум месеци работа, моето тело изгледа вака … Еве, како изгледа мојата кожа по слабеењето? Дали имам многу вишок кожа? Стрии итн ??? Значи, имам вишок кожа на бутовите, бидејќи многу тешко може да се повлече. Но навистина сум среќна што мојот стомак се повлекува и барем нема да имам никакви проблеми. Исто така имам стрии. На рацете исто така, имам многу стрии и мојата кожа виси, еден ден тоа ќе го решам со операција. Не ми е гајле за стриите или прекумерната кожа што не ја добив преку ноќ, ниту пак ќе ја решам преку ноќ – напиша Јосип во описот на фотографијата, и наскоро почна да прима пофалби на сметка на нејзиниот изглед.

Маркетинг

Јосипа влезе во шоуто со 143,4 килограми и излезе со 91,9 килограми, а со вежбите продолжи и по завршувањето на проектот. Исто така, таа неодамна објави фотографија на Инстаграм дека тренира бокс со нејзиниот сопруг Борис .

https://www.instagram.com/p/BtCO8DVhC0y/

 

„Убаво е да имаш добар сопруг кој е подготвен да добие удари. Треба да имате трпение со боксер. Доби удари на разни места, но сепак машки издржа”, коментира Јосипа.

Поврзано

Back to top button