Реклама
Вирално

Момче мислело дека е непобедливо, а сега во болничка постела се бори за живот: Само седам и чекам да дојде крајот!

Реклама

Британски турист кој сметал дека коронавирусот е обична глупост, го смени мислењето откако се разболе и тоа сериозно.

Во видео пораката која ја објави на социјалните мрежи, Крис Грејли (29) признава дека мислел дека е „непобедлив“ поради што сега носи маска за кислород и лежи во болницата во Вотфорд (Англија). Менаџерот за продажба од Манчестер не страдал од хронични болести, но не е сигурен „дали ќе се извлече“ и ги предупредува другите млади луѓе да не го намалуваат значењето на вирусот.

Маркетинг

– Се заразив на островот Тенерифе зошто мислев дека сум непобедлив и не носев маска. Платив за тоа. Не страдав од хронични болести. Не сакам некој да ја направи истата грешка како јас – порачува Крис од одделението за интензивна нега и додава:

Маркетинг

– Затоа ве молам сериозно да ја сфатите оваа порака, зошто на секој може да му се случи ова, чувајте се, најсериозно ве молам.

https://www.youtube.com/watch?v=3f8xd2S3W3Q&feature=emb_title

Крис пораката ја сними во саботата и објасни дека се разболеле претходната недела на Канарските острови. Пред три дена е потврдено дека е заразен и дијагностицирано му е акутно воспаление на белите дробови.

– Бев болен речиси цел одмор, изгубив чувство на мирис, вкус и ме облеваше пот, вели Крис.

Кога се вратив дома, состојбата ми се влоши повеќе. Во неделата итно ме испратија на тестирање и снимање и истиот ден го вратиле дома мислејќи дека се е во ред. Во вторникот наутро Крис итно го одвеле во болница на лекување на заболени од ковид-19.

– Минатата недела толку ми беше лошо што мислев дека сум блиску до пеколот отколку било кога. Седев сам и чекав да умрам. Не можам да дишам, да одам, да мрднам. Како зомби. Пијам четири видови различни антибиотици, стероиди, на кислород сум 24 часа дневно, избоцкан сум како наркоман, рече тој и додаде:

– Прв реков дека сето тоа е глупост и дека вирусот ништо не ни може ако сме млади, дека тоа е само силен грип, завера на власта, дрн дрн дрн… Не е точно. Ова е реално. Тоа навистина ме уbива, порача Крис.

Тој истакна дека животот е премногу краток за да се ризикува здравјето.

– Пред да одите на домашна забава затоа што сте неподбедлив, погледнете ја оваа слика и замислете се себеси во оваа ситуација. Секој може да се разболи. Ова е сериозно. Луѓе, разбудете се! Животот е премногу краток за да го ризикувате здравјето, а јас тоа го сфатив на најлош можен начин и не сакам тоа да му се случи никому, рече Крис.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button