Реклама
Вирално

Најдебелиот човек на светот ја победи короната и запеа од болничкиот кревет (ВИДЕО)

Реклама

Хуан Педро Франко е Мексиканец кој со своите 595 килограми пред три години влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ како најтежок маж на светот, сега го победи коронавирусот.

Диетите и физичките вежби секако му помогнале во тоа ккао и операцијата за намалување на желудникот, вели 36-годишниот Франко.

Маркетинг

Изгубил 208 килограми, но долгогодишниот дијабетес, високиот крвен притисок и хроничното заболување на белите дробови му ја отежнала борбата со ковид-19.

Маркетинг

Имал висока температура, болки во главата и целото тело, а големи тешкотии му создавало и гушењето, открива Франко, кој живее во сојузната држава Агваскалиентес, во централно Мексико.

– Тоа е многу агресивна болест, изјави ова момче.

Според официјалните податоци, дури четвртина од 74.000 луѓе во Мексико кои ја изгубија битката со животот како последица на инфекцијата од коронавирус, имале вишок килограми.

– Дијабетичари, хипертензичари и срцево болни се најподложни на компликации при инфекцијата од коронавирус, вели Хозе Антонио Кастанеда, шеф на тимот кој го лекуваше Франко од дебелината.

– Нивните шанси да се извлечат се многу мали, додава тој.

Неговиот пациент, кој некогаш поради тежината не можел да стане од кревет, спаѓа во исклучоците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button