Реклама
Вирално

Дали треба да се носат заштитни маски?

Реклама

Научниците од Универзитетот во Хонгконг објави дека носењето маски во значајна обем го намалува пренесувањето на коронавирусот, што е веќе познато, но ова прво големо истражување тоа и го потврди.


На чело на истражувањето беше професорот Јен Квок-јунг, а тестовите се спроведени врз хрчаци.

Научниците ставиле кафез со претходно заразени хрчаци во близина на кафезот со оние здравите. Меѓу овие два кафези се ставени хируршки маски покрај протокот на воздух од загадените кон здравите хрчаци.

Маркетинг

Резултатите биле изненадувачки – преносот на вирусот бил намален за повеќе од 60 отсто тогаш кога меѓу кафезите постоела маска. Од друга страна две третини од здравите хрчаци се заразени недела дена откако се отстранети маските.

Процентот на заразата паднал на нешто повеќе од 15 отсто кога маските се поставени на кафезот со заразени животни и на 35 отсто кога се поставени на кафезот со здрави животни.

Маркетинг

„Јасно е дека најважно е здравите лица да носат маски“, рече Јен.

Поврзано

Back to top button