Реклама
Наши ѕвезди

Одлична вест за љубителите на „Самрак сага“ – доаѓа петтото продолжение, еве за што се работи

Реклама

За љубителите на сагата „Самрак“ (Twilight) авторката подготви уште едно возбудливо продолжение на љубовната приказна на Едвар Кулен и Бела Свон.

Станува збор за книгата со наслов ‘Midnight Sun’ (Полноќно сонце), а неговото излегување во септември на својата официјална страница го потврди авторката Стефани Мејер.

Маркетинг

Дејството на овој роман е веќе познато бидејќи повторно ги враќа настаните кои се одвиваа во претхното продолжение на сагата, но овој пат приказната ќе ни биде раскажана од перспективата на главниот машки лик Едвард Кулен.

Според моментално достапните информации, се очекува книгата на американскиот пазар да се појави на 4. септември. Интересно е што првото поглавје од оваа книга се појави во јавност во 2008 година, кога и самата авторка на снимањето на првиот филм од „Самрак Сага“ ѝ го врачи на режисерката Катрин Хардвик и на главниот актер Роберт Патисон.

https://www.instagram.com/p/B_zEC2lA-F2/?utm_source=ig_embed

Наведените поглавја некако успеаја да дојдат до најзагреаните фанови па тој чин толку ја растажил авторката што завршувањето на книгата го одложила за понатаму. „Бев премногу тажна поради тоа што се случи и не можев да продолжам да работам на „Полноќно сонце“ поради што го одложив на некое време“ – истакна Мејер во таа прилика.

Сепак, се чини дека на радост на сите обожаватели, пристигна во вистинско време. И тоа точно 15 години по објавата на својот првенец кој го залуде светот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button