Превенцијата е половина здравје.
Научниците сметаат дека прегрувањето во времетраење од најмалку 20 секунди има терапевтско дејство и ве прави посреќни. Прегрнувањето на саканите и блиски личности поволно влијае на здравјето, го намалува чувството на осаменост, посебно во ерата на социјални мрежи кога луѓето се физички оддалечени едни од други. Нечија силна прегратка може да го намали чувството на болка, помага при стрес и депресија, но и опушта.
Можеби ви звучи неверојатно, но прегратките го чуваат и срцето. Истражувањата покажале дека во текот на прегрнувањето значајно се намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес кој доведува до зголемување на крвниот притисок и ризик од срцеви заболувања.
И на крај прегратките се најдобриот одговор за се’. Наместо ладни зборови, прегратката ќе ви овозможи да ги искажете своите емоции кон саканата личност.