18 годишно момче сака да се ожени со 21 години постара мајка на неговиот најдобар пријател
Едно 18-годишното момче од Кентаки сака да се омажи за мајката на неговиот најдобар пријател, без разлика што таа е постара 21 години од него.
Младиот Чејс е пријател со нејзиниот син Џејс Браун веќе повеќе од седум години, а кога сфатил дека се вљубил во неговата мајка, Џејми, тие се бакнале и од тогаш, пишува „LADbible“, се неразделни.
„Немав поим за чувствата на Чејс но и за своите се додека не ме бакна. Бев во шок, но сега сме нераздвојни”, изјави таа.
Пред да стапи во контакт со Чејс, мајката реши да провери дали нејзините три деца ќе се согласат на тоа.
„Прво ги прашав нив, бидејќи тие беа на прво место, но никој немаше никакви проблеми со тоа. Кога тоа му го кажавме на Џајс, тој се согласи, па така двајцата се уште се најдобри пријатели. Едноставно не можете да ставите ограничување на староста кога е во прашање љубовта. Сега чекаме да завршам со разводот, но веќе ја планираме свадбата и ги пишуваме заветите“, вели Џејми, а пишува „LADbible“.
Чејс откри дека прв пат ја бакнал само една недела откако наполнил 18 години, а веќе два месеци подоцна ја запросил. „Ми се допаѓа нејзината личност, веднаш знаев дека сакам да се омажам за неа. Многу работи ми се допаѓаат кај неа, нејзиното чувство за хумор, тоа што не ми дозволува да бидам мрзлив и многу други работи”, рече тој.