Беше тоа толку тешко…Ние бевме комплицирани луѓе, не бевме едноставни
Нашите души беа живи…
Сродната душа доаѓа во твојот живот за да можеш да откриеш некои работи засебе кои не си ни знаела дека постојат. Таа си заминува, а нејзината цел е да те фрли во очај, да те наведе толку многу да изгубиш контрола за да немаш друг избор освен комплетно да го преобразиш својот живот…“
Јас се заљубив лесно….Најпрвин сосема бавно, а потоа вртоглаво брзо, цврсто и длабоко. Да ме прашаш точно не знам кога тоа се случи. Ја тргнав стражата од моето срце и тоа остана отворено, соголено и ранливо. Ти ме промени засекогаш.
Јас и ти бевме тешки. Премногу сонувавме. Освен заљубувањето, ништо не можеше да биде едноставно и лесно. Се правевме да биде претешко со нашите бескрајни анализирања, теории, толкувања. Го уништувавме секој драгоцен момент со остриците на предрасудите, очекувањата, разумот. Се каравме и се расправавме… Страста, љубовта и желбата го уништуваше нашиот бес.