Реклама
Вирално

16-годишната Мирсада го виде морето – вредното девојче чија судбина го расплака целиот Балкан прв пат ужива на плажа

Реклама

Ќе го памти тоа цел живот

16-годишната Мирсада Хаџиќ од Козарска Дубица го расплака регионот на почетокот на летото – нејзината приказна за тешката земјоделска работа, поради која никогаш не видела море и не го „почувствувала неговиот мирис” допре до срцата на многу луѓе од регионот, а некои решија да и ја исполнат нејзината желба и ја испратија на море.

Маркетинг

Имено, Мирсада на својот профил на Инстаграм објави две преслатки фотографии од плажа, на кои се гледа додека се шета низ песокот и гази во морето.

Младата девојка од својата десетта година работи земјоделие за да им помогне на своите родители.

Маркетинг

„Жал ми е за татко му бидејќи имаше три операции на срцето, докторите му рекоа дека не смее да се изложува на напори, па тешко му паѓа, затоа што мојата сестра, мајка и јас живеевме од земјоделството. Од својата петта година трчав по него и тракторот се додека еднаш не ме зеде во скутот и ми даде заедно со него да управувам со тракторот. Од тогаш тракторот стана моја опсесија“, раскажа девојката пред новинарите и во еден момент сопре со својата приказна за да и помогне на својата сестра околу коњите и кравите, кои пред неколку дена ги добила од едно здружение.

„Жал ми е што толку млада почна да се занимава со земјоделство, но немавме избор. По мојата трета операција, кога ни беше најтешко, таа имаше само 10 години и изора околу 10 хектари земја. И зборував да не се труди толку, но не ме слушаше“, раскажува таткото Мирсад и додава дека е подобро што има ќерка отколку син.

„Машко како машко, сигурно би кажал дека не го интересира земјоделие, да го оставам на мира, додека таа на тоа гледа поинаку, таа сака да ми помогне“.

Мирсада на есен трга во средно фармацевтско училиште, но вели дека нема да ги остави родителите. таа беше пресреќна што оди на море.

Повеќе од 1200 луѓе од Босна, Хрватска, Србија и цела Европа и се јави на Мирсада со желба да помогне и да ја угостат . Таа им се заблагодари на сите, и изјави дека со нивна помош успеала да го доживее она што досега само го сонувала и дека тоа нема никогаш во животот да го заборави.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button