НовостиПрепораки

15 години постоење -Lollipop Entertainment Group. Од скромни почетоци – до изградбата на еден од најпрепознатливите брендови на регионалната ноќна сцена

Lollipop претставува заеднички сон, кој низ годините прерасна во реалност, организација во која се спојуваат креативноста, музиката, забавата и пријателствата-вели за Гламур Јане Јанев

Advertisement

Во свет полн со промени, трендови што доаѓаат и заминуваат – постојат нешта што траат. Lollipop Entertainment Group не е само име, туку симбол на забава, креативност и незапирлива енергија. Оваа година слават 15 години постоење – петнаесет години полни со ритам, иновација и вистинска страст кон забавата.

Advertisement

Од скромни почетоци – до изградбата на еден од најпрепознатливите брендови на регионалната ноќна сцена, Lollipop е синоним за врвна забава, беспрекорна организација и автентично доживување. Со над 10.000 успешни настани, ексклузивни артистички соработки и проекти што го менуваа начинот на кој се перцепира ноќниот живот – тие не се само дел од сцената, туку и ја обликуваат вели за Гламур Јане јанев.

Ова не е обичен јубилеј, ова е прослава на визија што трае, на тим што не познава граници, и на публика што верува. Во свет полн со брзи задоволства, Lollipop останува стандарден носител на квалитет, стил и автентична емоција.

Advertisement

Срцето и душата на Lollipop Entertainment Group, Јане Јанев – човекот кој 15 години го гради ова име, истакнува дека Лолипоп не е само успешен и препознатлив бренд, туку сложно семејство кое благодарение на својата упорност и визија е долгогодишен лидер во ноќниот живот во државата.

Lollipop претставува заеднички сон, кој низ годините прерасна во реалност, организација во која се спојуваат креативноста, музиката, забавата и пријателствата. За нас, оваа приказна е симбол на истрајност, љубов кон она што го правиме и верба во моќта на тимот. Секој настан, секој проект и секој момент од овие 15 години е дел од една колективна емоција која нè поврзува и инспирира да продолжиме уште посилно“, појаснува Јанев.

Гласот кој стои зад маркетинг стратегиите, Ангела Филиповска, додава:

Lollipop не се стреми да ги обликува артистите според некој универзален калап. Наместо тоа, ги поддржува во истражувањето и развивањето на сопствениот, автентичен стил. Секој артист има своја приказна, музички вкус и енергија, што се рефлектира во нивниот настап. Исто така, Lollipop овозможува поврзување и соработка помеѓу артистите, што може да доведе до нови проекти, ремикси и проширување на нивната публика. Ние не сме само агенција која ги застапува артистите, туку и партнер кој инвестира во нивниот креативен и личен развој, создавајќи средина каде што талентот и автентичноста се високо ценети“.

Гласникот на енергијата и духот на артистите, Миа Филиповска, ја потенцира сплотеноста и тимскиот дух во Лолипоп, кадешто вратата за сите кои имаат големи соништа е секогаш широко отворена.

Ние сме семејство кое расте со своите артисти, а не само агенција која ги застапува. Кај нив, секогаш бараме автентичност и енергија што остава впечаток. Нашето семејство е место каде што музиката и креативноста добиваат простор да растат. Ако некој сака да стане дел од нас, доволно е да ни се обрати, да ја сподели својата музика и визија а ние ќе помогнеме тој звук да допре до поширока публика и да стане дел од вистински приказни“.

15 години Lollipop долго патување исполнето со музика, тимска посветеност и раст на артистите. Честитки за семејството кое го прави ноќниот живот вистинска магија!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button