Ким Кардашијан ги изненади сите – во ваков фустан НИКОГАШ досега ја немаме видено
Музејот на современа уметност во Лос Анџелес секоја година организира гала вечера LACMA Art + Film во чест на успешните поединци од светот на уметноста и филмот.
Оваа година гала вечерта е посветена на американската фотографија Кетрин Опи и мексиканскиот режисер Гулерм де Торо, а меѓу познатите личности кои се појавија на настанот беше и Ким Кардашијан.
Во изминативе години многу се зборуваше за модните комбинации во кои Ким се прошета на гала забавата на LACMA па така во 2017 светот го заобиколија фотографиите на кои е без градник и во раскопчано црна облека, а 2015 ги полнеше медиумите поради „голиот“ комбинезон.
Таа оваа година ги изненади сите со изборот на поприлично децентно издание. Познатата старлета овој пат носеше едноставен слип фустан од модната куќа Гучи кој совршено стоеше на нејзиното тело, а го носеше со класични отворени сандали со високи потпетици и мала плико чанта.
Во продолжение погледнете што носеа и другите познати дами на овој престижен настан: