За лековитоста на фините напивки, припремени од чудотворните листови сме добро запознаени сите, но интересно е што искористените кесички од чај можат одлично да послужат во неочекувани ситуации во домаќинството.
Откријте на кои начини можете паметно да ги искористите употребените кесички од чај пред да ги фрлите во ѓубрето:
1.Ублажете ги отечените подочници и црвенило
Искористената кесичка од чај потопете ја во ладна вода, исцедете ја и ставете ја како облози на очните капаци. Чајот делува смирувачки на кожата, ја отстранува отеченоста на подочниците и го смирува црвенилото во очите после напорниот работен ден.
2. Отстранете ги акните
Кесичката од чај оставете ја во ладна вода неколку минути и потоа ставете ја на местото кое што е воспалено. Смирувачките својства на чајот бргу и ефикасно ќе делуваат на болното подрачје и барем моментално ќе ја смират акната.
3. Смирете ги болните рани во устата
Во топла вода натопете ја кесичката и неисцедена ставете ја на болното подрачје во устата. Лековитите својства кои ги имаат листовите ќе делуваат антисептички и смирувачки на болното место. Доколку имате проблеми со осетливо забно месо, можете да си помогнете на исти начин.
4. Ублажување на забоболка
Чајот содржи танини кои можат да ја ублажат болката. Замрзнете кесичка од зелен или црн чај, ставете ја на болниот заб и држете ја неколку минути. Истото повторувајте го додека болката не се смири.
5. Исчистете ги дамките од ВЦ шолјата
Темните талози на дното на шолјата можете ефикасно да ги отстраните ако ги искористите кесичките од чај, едноставно ставајќи ги да постојат неколку минути. Ако се работи за тврдокорни талози, постапката повторете ја најмалку три пати во текот на денот.
6. Нахранете ги билките
На ѓубривото кое го користите за подобрување на растот на билките, додајте му ја содржината од неколку кесички, добро измешајте и користете го за хранење на билките. Освен тоа, како подолго би ја одржале влажноста во саксиите, вреќичките со чај натопете ги во вода и положете ги околу стеблото, тоа е одличен начин да ги сочувате билките во живот кога сте неколку дена отсутни од домот.
7. Маринирајте го месото
Кога спремате скара, важно е местото да биде маринирано, затоа што во спротивно станува тврдо и суво, а со помош на неколку кеси чај лесно може да го омекнете. Содржината на кесичките натопете ја во мешана маринада и во неа држете го месото два до три часа. Чајот на месото ќе му подари посебен вкус и ќе го одржи свежо.
8. Исчистете ги прозорите
Чајот може да ја оттргне маснотијата и нечистотијата од прозорците. Направете го од веќе искористени кеси, изладете и содржината ставете ја во шише со распрснувач и едноставно искористете ја за миење прозори.
9. Освежете го плакарот и чевлите
Како би се решиле од непријатниот мирис од плакарот, во него ставете чинија со неколку искористени кесички чај кои ги впиваат непријатните мириси и ја враќаат свежината на алиштата. Непријатниот мирис од чевлите лесно можете да го оттргнете ако ставите кеса чај во чевлите преку ноќта.
10. Уживајте во „помалку грешното“ пиење
Кога сакате да уживате во алкохолните и безалкохолните пијалоци, а сте свесни за нивните негативни последици на состојбата на организмот, залажете се со едноставен трик. Искористената кесичка од чај прелијте ја со децилитар топла вода и додајте двојно поголема количина од пиењето. На овој начин ќе ги намалите калориите и шеќерот, а ќе го подобрите вкусот на пиењето.