Реклама
Секс

10 начини да согорите 100 калории

Реклама

„Во денешното општество е едноставно премногу лесно да се биде неактивен.“

Секаде одиме со кола, седиме по цел ден, користиме лифтови наместо скали, порачуваме храна преку телефон …. Дома имаме безброј ТВ канали, компјутерски игри, и неограничено сурфање на интернет. Сето ова можеби е интересно, но доведува до многу неактивен живот – упорно седиме и лежиме по цели денови и самите понекогаш чувствувајќи потреба да се раздвижиме. За да бидеме во форма не мораме да поминуваме часови во теретани. Има многу најразлични начини за согорување на калории кои не претставуваат некој посебен напор. Еве неколку идеи како да согорите 100 калории:

Маркетинг

ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД (10 минути). Ако имате велосипед, со само 10 минути возење ќе согорите 100 калории. Ако имате и деца, ова е одличен начин да излезете сите заедно и да возите велосипед на свеж воздух.

Возењето велосипед ги зајакнува нозете и срцето.

Маркетинг

ВИДЕО ВЕЖБИ (10 до 15 минути)Најдете си видео со вежби и вежбајте 10 до 15 минути четири или пет пати неделно. Ова не само што ќе ви помогне да согорите калории, туку ќе ви овозможи да побегнете накратко од секојдневните грижи и психички да се одморите.

ПЕШАЧЕЊЕ (15 минути)Ова е најлесната и наједноставната вежба што му е позната на човекот. Пешачете неколку пати неделно и секој нареден пат обидувајте се да го зголемите времето на пешачење. Можете еден ден да отидете пешки на работа ако не е премногу далеку, или да ја паркирате колата подалеку, или да се симнете од автобус некоја станица порано … со 15 минути пешачење ќе согорите најмалку 100 калории.

СКОКАЊЕ СО ЈАЖЕ (15 минути). Јажињата за скокање се лесни и евтини и можат да се користат насекаде. Облечете соодветни патики и истегнете ги мускулите на нозете пред да почнете со скокањето. Ова е одлична вежба за срцето и белите дробови, за нозете, но и за горниот дел од телото. За петнаесет минути ќе согорите најмалку 100 калории. Можете да започнете со серии од по 2-3 минути и ќе се изненадите колку брзо вашето тело ќе се прилагоди.

ЏОГИРАЊЕ (15 минути). Ако брзото пешачење согорува 100 калории за 15 минути, можете да потрошите уште повеќе калории ако додадете 2-3 минути џогирање. Ако го правите ова два пати на ден ќе согорувате најмалку 300 калории секој ден.

КАЧУВАЊЕ ПО СКАЛИ (15 до 20 минути). Ако имате скали, користете ги. Тие се одлични за обликување на задникот и нозете, и многу ефикасно согоруваат калории. Со честото користење на скалите вашата потрошувачка на калории значително ќе се зголеми – очиглено, што поголем напор, толку повеќе калории ќе согорите. Можете да согорите 100 калории за 15 – 20 минути качување по скали, кои ќе се соберат во текот на целиот ден на работа и дома.

ТАНЦУВАЊЕ (20 минути)Ништо не го подобрува повеќе тонусот на мускулите, кардиоваскуларниот систем и расположението како доброто старо танцување. Не мора да одите во ноќен клуб или да имате партнер – можете да танцувате во спалната, кујната или дневната соба. Само пуштете добра музика и забавата може да почне …Секако – не заборавајте да ги спуштите ролетните!

ДОМАШНИ РАБОТИ (20 минути)Сите мораме да ги вршиме, па зошто да не ги вброиме и овие потрошени калории. Држете го правилно телото и брзо преминувајте од една работа на друга – така ќе ја забрзате работата на срцето и ќе ги тонирате мускулите. Вовлечете ги стомачните мускули додека усисувате со правосмукалката и благо свијте ги нозете. Чистењето, во зависност од интензитетот, може да согори 100 калории за 20 минути.

МИЕЊЕ НА АВТОМОБИЛОТ (20 до 30 минути)Не морате да го носите автомобилот на миење – направете го тоа сами! Миењето и бришењето на автомобилот е одлична вежба за горниот дел од телото. Ќе имате прилика и да се истегнете и да ја зголемите флексибилноста протегајќи се преку кровот, хаубата …

РАБОТА ВО ДВОРОТ (25 до 30 минути) И на малите градини и дворови им е потребно внимание. Работата во дворот или градината не е корисна само поради физичкиот напор, важно е и ослободувањето од стрес и уживањето што го нуди. Ангажирајте ги стомачните мускули додека копате на пример, додека се свивате, или дигате предмети. На крајот можете добро да го истегнете грбот и нозете.

Секако, не е секогаш лесно да се најде време за овие работи – многу полесно е да се најде оправдување за да ги избегнеме. Но, ако се обидете да пробате по нешто од овие активности, ќе се зачудите колку подобро ќе се чувствувате – и колку подобро ќе изгледате.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button