Мелезите се посебни.
1. Не постојат два исти мелези и ако немате проблем да имате посебно куче, ќе имате многу поголем избор.
2. Со мелезите полесно е да се воспостави комуникација и да ги научите на некои работи. Од друга страна кучињата од чиста раса имаат одредена природа и за некои раси може да биде поприлично тешко да се истренираат и да научат што смеат да прават, а што не. Но тоа не е случај со мешаните раси.
3. И мешаните раси можат да се натпреваруваат.
4. И мелезите можат да бидат обучени да станат кучиња трагачи или спасители бидејќи се подеднакво способни за таквите активности.
5. Во новото семејство доаѓаат веќе истренирани бидејќи во повеќето случаи веќе биле во некое засолниште каде волонтерите ги научиле на основните работи.
6. Оние луѓе кои немаат премногу време да се грижат за своето кученце во првите месеци од животот, оваа фаза можат да ја прескокнат ако вдомат постар мелез.
7. Мелезите имаат многу помалку здравствени проблеми од чистокрвни кучиња.
8. Со вдомување на куче од засолниште ќе заштедите пари. Првенствено бидејќи не купувате куче, но и затоа што овие кучиња се стерилизирани и вакцинирани.
9. Нивната природа е посебна бидејќи нивната генетика е непозната. Со вдомување на мешано куче ќе го дознаете нивниот карактер постепено и ќе уживате во спонтаноста што ви ја носи тој процес.
10. Последната причина е најубава и највредна. Со вдомување на куче мелез вие на тоа животно сте му го спасиле животот и тоа ќе ви биде благодарно заради тоа.