Се сеќавате ли на Мечето Ушко, Вили Ква Ква и Були Були?
Секоја генерација има свои омилени цртани филмови
Детството во Македонија пред појавата на мобилните и компјутерите имаше своја посебна магија. Покрај разните игри кои постојано ги игравме со другарчињата од маалото во парковите и околу зградите, имавме и точно определено време кога ги гледавме нашите омилени цртани филмови. Па така на спиење одевме со Мечето Ушко, во недела ги гледавме долгометражните цртани филмови, а во меѓувреме игравме тетрис и ги редевме сложувалките со познатите јунаци од светот на Дизни. Некои читаа стрипови (Дилан Дог, Мартин Мистерија, Мистер Но, Капетан Мики), други им се радуваа на сериите Волшебното самарче, Белото циганче, Децата од нашата улица, Девојките на Марко, Наше маало, како и на списанијата „Развигор“, „Екран“, „Котелец“…
Еве неколку работи кои го одбележаа секое детство во Македонија.
1. Марко и Шарко
2. Летачките мечиња
3. Волкот и овчичката
4. Мачорот Тошо
5. Вили Ква Ква
6. Були
7. Радувањата на Радован
8. Кире Бананамен
9. Волжебното самарче
Седиш во пижами, пиеш млеко со какао „Краш“ и чекаш да почне твојата омилена серија, а потоа одиш на спиење.
10. Наше маало
Па, кои беа вашите омилени цртани филмови и телевизиски серии кога бевте мали?