„Хаус“, познат и како „Доктор Хаус“ е американска медицинска драма која дебитираше на телевизијата Fox на 16 ноември 2004.
Серијата е зачната од Дејвид Шор и Пол Атанасио; Шор има заслуга како создавач. Централен лик на серијата е д-р Грегори Хаус (Хју Лори).
Овие мисли се дел за животот на момент саркастични, но фантастични и интересни, како и самиот тој.
Грешките се онолку сериозни колку резултатите кои ги предизвикуваат на крајот.
Нема тенка линија меѓу љубовта и омразата. Всушност има цел Кинески Ѕид со вооружени стражари на секои 20 метри, меѓу љубовта и омразата.
Единствениот проблем кога спиеш со непознати е што тие… не ти се познати.
Добрата работа кога ќе кажеш некому дека умира е дека тие се фокусираат на своите приоритети. Дознаваат што е најважно за нив. За што би умреле, за што би излажале.
Очите може да заведат, насмевката да залаже, но чевлите секогаш ја кажуваат вистината.
Нападите се интересни за гледање, а досадни за дијагностицирање.
Религијата е симптом на ирационално верување и неоснована надеж.
Се’ е за никаде. Но, секогаш може да се најде нешто што ќе те насмее.
Основната вистина на човековата состојба е дека сите лажат. Единствената разлика е за што.
20 годишните се заљубуваат и одљубуваат почесто одколку што ги менуваат филтрите за масло, а тоа е она што треба да го прават почесто.
Ако му зборуваш на Господ, тогаш си религиозен. Ако Господ ти зборува, тогаш си лудак.