Луѓето родени во знакoт Рак никогаш не се сигурни што ќе им донесе иднината.
Највеќе се плашат од: болните настани од минатото, целосно напуштање на комфорната зона, да гледаат како нивните сакани патат.Поставуваат цели кои се во хармонија со нивните чувства. Ако нешто не е за нив, не се ни обидуваат да го завршат тоа што го почнале. Но, кога ќе се посветат на работите кои се инспирирани од нивните чувства, се трудат да ги доведат до крај.
Ракот е добра душа со огромно срце, но ако некој претерува, знае како да се претвори во човек кој се оттуѓува од другите.Сакаат постојано да бидат силни, но потребна им е само една личност која ќе биде покрај нив.Цел живот водат борба меѓу силата на карактерот и ранливоста на душата.
Често плачат, но ретко ќе ги видите да плачат.Мразат кога ги критикуваат или исмејуваат. Мразат игнорирање и лаги.Имаат навика да им даваат на луѓето повеќе шанси отколку што заслужиле.Никогаш не би оставиле некого без причина.Потребна им е стабилност и разновидност. Не знаат како поинаку да го објаснат тоа.