Џaмбазов ги ЗАГРИЖИ СИТЕ: „Подобро јас да ви кажам дека сум умpeл“

Откако ја обелоденија во јавност нивната врска, медиумите не престануаат да пишуваат за нив.

Љубовта меѓу актерот и шоумен Игор Џамбаазов и негоата сакана, алпинистката Илина Арсова е актуелна тема во јавноста веќе половина година како се заедно.
Народот го интересира што прават и каде се движат и секоја нивна објавена фотографија на социјалите мрежи станува вирална.
И покрај големата разлика во годините, Илина и Игор ништо не може да ги спречи да уживаат во својата љубов, секој ден.

Игор кон крајот на 2019 година Игор изјави дека во неговиот живот нема место за жените, освен за неговата мачка Емче, но сега очигледно нештата се смениле, па за Илина има повеќе време иако велеше дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа.
Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со алпинистката Илина Арсова.

За време на разговорот, Џамбазов откри како се запознале со Илина и како почнала нивната љубовна врска.
„Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација.
По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја – раскажа Џамбазов.

Иако многумина веруваа дека оваа врска нема долго да трае, Џамбазов уверува дека станува збор за сериозна врска, но дека не сакаат да носат избрзани одлуки.
„Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано сè нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае – најави шоуменот.

Кога нашата позната планинарка Илина се качува по карпи, Игор Џамбазов вели дека не може да ја гледа. Во интервју за емисијата „Еден на еден“ раскажа многу приказни за нивната љубов, а меѓу нив е оваа.
„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани. Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди. Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјави Џамбазов во емисијата.

Дека нивната врска е сериозна покажува и фактот што парот одлучи да си ги запознае и родителите.
Зетот Игор прво се запозна со мајка ѝ и татко ѝ на Илина. Средбата беше овековечена со фотографија, која веднаш заврши на социјалните мрежи.
Фотографијата е направена во Јанче, село во Општина Маврово и Ростуше. Ја посетиле и куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, село Коџаџик.

По некое време, Игор ја запозна Илина и со својот татко, маестро Александар Џамбазов. Игор сподели фотографија и од средбата на Илина со неговиот татко.
„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу маестро Џамбазов, Илина Арсова и дечкото без брада“, напиша Џамбазов во опис на фотографијата.

Игор и Илина не мируваат, постојано се активни и патуваат.
Но, местото на кое секогаш се враќаат е нивниот Дојран, каде впрочем и се запознаа. Во моментот тие се во Сретеново во Стар Дојран, од каде што Игор објави и фотографија и напиша дека е среќен.

За потсетување, Иагор Џамбазов беше во брак со Искра Џамбазова, сега Канзурова од 1992 до 2006 година.
Таа денес има среќен и успешен брак од кој има две деца.
Џамбазов во една пригода во врска со бракот кој за жал не траеше многу долго изјави дека не му недостига само таа како личност, туку и начинот на животот што го имале, пријателите, патувањата.

„Ми недостига заедничкиот живот, утринското кафе со некого, заспивањето со некого… Но, во следниот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав како што треба” изјави Игор во една пригода за „Бекстејџ.“
Но, по се изгледа дека Игор е на добар пат да научи како да се справи со жените, а неговата понежна половина одлично се снаоѓа во нејзината улога. Тие со нивната љубовна приказна ги освоија симпатиите на целата јавност, а пријателите се надеваат дека наскоро ќе им заиграат на свадба.

Деновиве актерот изненади со една своја објава и загрижи сите.
На својот Инстаграм профил тој објави: „Народе. За некое време ќе објавеле дека сум умpeл. Пак. Па си викам, подобро јас да ви кажам дека сум умрeeл одошто сами да разберете. Дека сум умpeeл. Пак“.

По оваа објава тој доби бура реакции од фановите. Игор, како и сите познати личности многупати бил жртвa на шпекулации на жолтиот печат. Дали оваа објава е критика за лажните вести или можеби извадок од книга која ја пишува не знаеме, но со сигурност знаеме дека тој уште долго ќе биде интересен за јавноста и за него ќе се пишува.














