Женските костуми се хит веќе неколку сезони по ред, а во последно време се почесто гледаме нови интересни модели какви досега не сме виделе.
Токму во еден таков модел деновиве се прошета дамата со најубавата насмевка во Холивуд, Џулија Робертс. Таа на церемонијата на доделувањето на ѕвезда на актерката Рита Вилсон на холивудската патека на славните се појави во зелен костум со панталони кои на прв поглед изгледаат како здолниште, поради широките ногавици. Но токму вакви панталони се хит меѓу ИТ девојките, а покрај одличниот костум Џулија не воодушеви и со модните додатоци.
Имено, таа откаченото издание го заокружи со чанта од брендот „Salvatore Ferragamo“ која внимателно ја усклади со црните чизмички со високи потпетици, а стајлингот дополнително го подигна со розовите очила за сонце и новата шик фризура. Но иако изгледаше за чиста модна 10-ка, таа сепак се обиде да не ја засени нејзината колешка која зрачеше со елеганција во црниот фустан зачинет со дезен од светкави каменчиња и фантастични сандали.
Па, што велите за ова издание на Џулија?