Џулија Робертс го покажа фустанот кој ќе го носеше на Мет Гала, но традиционалниот бал се откажа
Првиот понеделник во мај со години, е ден кој е резервиран за одржување на Мет Гала, најголемиот моден спектакл во светот – секако година е одложен.
На крајот од 90-тите (ако постои од 1948 година) го организира Ана Винтур, уредничка на американското издание на Вог, а ѕвездите на свечерната вечера доаѓаат во најлуди креации, дополнително нагласувајќи ја зададената тема која секоја година Мет Гала ја има.
Големиот настан во музејот Метрополитен има и своја благородна цел, односно се собираат пари во добротворни цели, но само организаторите знаат кому ги донираат и како. После гала вечерта остануваат муабетите и коментарите која ѕвезда како била облечена.
Инаку, пред многу децении влезницата за Мет Гала чинела 50 долари, додека сега се вртоглави 30.000 долари по лице, и тоа за оние на кои воопшто ќе им биде достапно купувањето. Креациите пак за некои ѕвезди секако се бесплатни.
Но годинава ситуацијата во Њујорк поради ширењето на коронавирусот е крајно загрижувачка. Секако, нема Мет Гала, иако темата за годинешниот настан се знае со месеци, инспирирана од Вирџинија Вулф и филозофот Хенри Бергсон, и требаше да се однесува на женската мода во последните 150 години, од 1870 до денес. Зошто токму 150? Затоа што и музејот Метрополитен годинава прославува 150 години од основањето.
Но, како и да е, оваа година модниот свет нема да ужива во фантастичните и често сосема луди креации во кои доаѓаат славните. Џулија Робертс, сеедно на својот Инстаграм сподели гламурозна фотографија. Снимена е во нејзината бања, со поглед на њујоршките улици, а 52-годишната актерка во прекрасен црно-бел фустн, со чаша шампањ во рацето стои на кадата. „Еве ме… како вечерва нема да одам на Метрополитен балот“, искоментира таа.
https://www.instagram.com/p/B_x7VH4nvZw/?utm_source=ig_embed
Настанот сепак беше одбележан во многу медиуми ширум светот, кои потсетуваа пред се на претходните настани и на некои од најлудите креации на музичките и филмските ѕвезди.
Во април Вог на своите читатели им даде предизвик да се обидат да направат некаква копија од најуспешните креации од досегашните настани. Еве некои од поуспешните имитации на фустаните на Карди Би, Ким Кардашијан, Бијонсе…
Интересни се и материјалите од кои се изработени овие копии на фустаните, па има и такви од тоалетна хартија, алуминиумска фолија, весници, нацртани и слично.
Погледнете сами:
- Фустанот на Ријана – креација на Џон Галијано во 2018
https://www.instagram.com/p/B-7ysEDBGlo/?utm_source=ig_embed
2. Лили Колинс во Џанбатиста Вали (2019)
https://www.instagram.com/p/B_hJvT1Dg-e/?utm_source=ig_embed
3. Соланж Ноулс во креација на Џилс во 2015
https://www.instagram.com/p/B_fmeYihPpD/?utm_source=ig_embed
4. Бијонсе носеше Живанши во 2015
https://www.instagram.com/p/B_g8PprAMGG/?utm_source=ig_embed
5. Ким Кардашијан во 2019
https://www.instagram.com/p/B_uRHgzqg2Z/?utm_source=ig_embed
6. Жанел Моне во креација на Кристијан Сириано во 2019
https://www.instagram.com/p/B_okealjYK2/?utm_source=ig_embed
7. Фустанот на Карди Би, креација на Том Браун во 2019
https://www.instagram.com/p/B_tBrLTjSyt/?utm_source=ig_embed