Реклама
Холивуд

Џоли конечно призна што и се случувало пред да се разведе од Бред Пит

Реклама

Анџелина Џоли неодамна и официјално се разведе од Бред Пит со кого имаат шест деца – три биолошки и три посвоени.

Познатата холивудска актерка досега речиси никогаш не зборувала за причините за нивниот развод, иако во медиумите пишуваа и се шпекулираше многу на оваа тема. Џоли сега за еден познат француски магазин објасни како се чувствувала при самиот крај на нивниот брак.

Маркетинг

„Малку се изгубив самата себеси при крајот на бракот со Бред. Тоа беше комплициран момент за мене, едноставно не можев да се препознам, се претворив во нешто што не сум. Се чувствував толку мало, ситно и неважно, иако тоа не можеше да се забележи на мене, јас во суштина се гушев“ – изјави Анџелина и додаде дека во тој момент имала и здравствени проблеми што дополнително влијаеле на нејзината психа.

Но убавата актерката денес се чувствува многу подобро и дава максимални напори за да биде добар пример за своите деца и за да ги научи како да се снајдат доколку некогаш се најдат во слична ситуација.

Маркетинг

„Сепак, кога ќе поминете низ целиот тој процес, чувствувате големо количество среќа. Кога ќе заврши среќни сте што сте живи и можете да тргнете сé од почеток“ – додаде актерката, додека нејзиниот сопруг Бред Пит и самиот порано има кажано како се чувствувал пред крајот на нивниот брак.

„Почувствував дека бегам од вистината и тоа од болна вистина. Не знаев како да излезам на крај со тоа, барав било каков изговор за да избегам од таквата ситуација. Некогаш тоа беше алкохол, некогаш дрога, Нетфликс, грисини, едноставно што било“ – изјави Бред порано.

Да потсетиме, славниот холивудски пар романсата ја започна на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит.

Тие беа заедно повеќе од 11 години, а откако во брак поминаа две години, се разделија во 2016.

Поврзано

Back to top button