И актерката Анџелина Џоли (43) како и секоја друга дама во својот плакар има барем еден капут на кој може во секое време да се потпре.
Да, добриот капут е едно од најважните парчиња во плакарот на секоја жена, а што се однесува до познатата актерка нејзе меѓу омилените и е и овој модел во беж нијанса кој не го соблекува од минатата година. Во прашање е беж капут од познатата модна куќа „Max Mara“ кој е со едноставен крој поради кој сигурни сме дек ќе го носи и следната сезона. Таа овој пат за божиќниот шопинг со синот Пакс (15) го носеше со црн фустан и чевли со ниски потпетици.
Инаку, моделот се вика Labbro и е еден од најпродаваните од познатиот бренд, а покрај беж варијантата ни доаѓа и во сива и кафеава нијанса. Го носат и другите ѕвезди како Џенифер Лопез и Хејли Болдвин, а можете да го носите како со салонки или ниски чевли, така и со чизми со високи потпетици, но и да го комбинирате со најразлични модни додатоци.
Капутот е направен од кашмир, изработен рачно во Италија, а инспириран е од скандинавската мода – ракавите му се во стилот на кимоно, со нагласени, големи џебови и ремен кој ја стегна половината. Достапен е по цена од околу 3000 долари, па не е ни чудо што Џоли постојано го носи.