Холивуд

Џоли во неодоливо издание – одамна не изгледала олку добро!

Advertisement

Анџелина Џоли (43) се појави во прекрасно издание на отворањето на филмскиот фестивал „Fighting Stigma Through Film“ во Лондон.

Advertisement

Познатата актерка која го покрена овој фестивал во склоп на кампањата со која сака да предупреди на жртвите на сексуалното насилство во војните, за оваа пригода носеше моќен црн капут и преубав бел фустан со потписот на познатата британска модна куќа „Ralph & Russo“ чии креации ги носи често и Меган Маркл.

Познатата убавица која според многумина се уште важи за една од најубавите жени на светот, на настанот изгледаше како вистинска филмска дива, а целото издание го заокружи со металик салонки, фантастична фризура и црвен кармин со кој дополнително ги нагласи своите полни усни.

Advertisement

На фестивалот ќе бидат прикажани 38 филмови со акцент на дискриминацијата и општествената стигматизација со која се соочуваат жртвите на сексуалното насилство во војната, а режисерите доаѓаат од 14 земји вклучувајќи ја и Сирија, Бурма, Русија и Нигерија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button