Џејла Рамовиќ го смени имиџот – ќе ви се допадне новата промена кај Ѕвездата на Гранд, се подготвува новото шоу
Овој период на двомесечна изолација многу познати личности го искористија за промена на имиџот. Така и младата музучка ѕвезда се одлучи на крупен чекор во менување на својот изглед откако ја запознавме на натпреварот за Ѕвезда на Гранд.
Откако се појави на мизучката сцена Џејла Рамовиќ е препознатлива по својата долга темна коса, а сега реши да направи една значајна промена во својот изглед – пресече шишки!
Младата пејачка по самоизолацијата во семејниот дом поради пандемијата од коронавирус, одлучи да го посети фризерот и сите се воодушевија од новиот изглед.
Иако не е во прашање драстична промена, вака на одличен начин Џејла го освежи својот изглед, а нејзините фанови се воодушевени од промената.
Снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ е веќе закажано на 25 и 25 мај, како и на 1., 2. и 3. јуни. Новите емисии ќе бидат снимени само со кандидатите од Србија и ќе бидат емитувани во јуни. Сезоната оваа година нема да биде завршена, туку ќе продолжи од септември според нови правила.