Ова најдобро ќе го разберат мајките…
Еден од омилените актерки во Америка, 37-годишната Џесика, е мајка на три прекрасни деца, а родителството и е најважниот елемент во нејзиниот живот и секогаш се обидува да биде најдобра мајка. Сепак, никој не е совршен, па така и актерката, но таа е свесна за своите мајчински грешки и се обидува да не ги прави често. Иако нејзините деца, 10-годишната Хонор, седум годишната Хев, и едногодишниот Хејс, се вистински среќници што имаат мајка како неа, со некои методи кои ги користи во воспитувањето на своето „фантастично трио” актерката и не е баш најзадоволна.
https://www.instagram.com/p/BvvZgMVlfGK/?utm_source=ig_embed
„Кога едногодишниот ќе направи голема нужда и кога ќе ги замолам седумгодишната и десетгодишната да исчистат зад мене… Половина од тоа ќе заврши во кадата. Требаше да го фрлам во тоалетот, но не сакав да се доведам во ситуација половина од тоа да ми падне на подот“ напиша Џесика искрено под фотографијата на која позира со децата и додаде (шегувајќи се, секако!) дека се чувствува како да потфрлила како мајка во воспитувањето на своите деца.
Само да потсетиме, Џесика Алба е во брак со 40-годишниот филмски продуцент, Кеш Ворен, и Хејс се роди на Стара Нова година во 2018. Убавата актерка возбудата дека е бремена не ја криеше, а и рано го откри полот на бебето, па така и нејзините ќерки беа пресреќни што им доаѓа братче.