Реклама
CelebrityНовости

Џентламенот Нино Величковски спрема ФЕШТА – ќе го каже судбносното „ДА“ во Охрид!

Реклама

Пејачот ќе прави голема фешта!

Нино Величковски и неговите тамбураши како што милува тој да каже се виновници за добрата забава во многу познати ресторани и кафулиња.

Маркетинг

Таму каде што пее Нино, забавата е загарантирана.

Маркетинг

Тој исто така е миленик на женската публика, неговите манири и џентламнски потези дополнуваат да биде миленик на македонска народна сцена.

Нино постојано е опколен со убави жени, но ретко сме ја виделе неговата животна партнерка, тој за машки магазин.мк се присети како пред 23 години ја освоил својата љубена Лидија Трифуновска.

– Лики ми се допадна на прв поглед. Со нејзината непосредност и спонтаност. Беше мирна и нежна, како срна. Мојата школска другарка Кате се дружеше со неа.

Еднаш во мој стил ú реков „ „Катице, да ми средиш да се виду сс другарку ти, ама на само, један на један. Поправо, да дојдете у пицерију „Гарнизон“,по можност тебе да те заболи стомак и одма да си идеш“.

Кате ја одигра успешно својата ролја и од тогаш другарка ú е во сигурни и вистински раце. Бидејќи ни беше стројник таа си доби фустан, а Лики си фати дечко .

Седум годни се гледавме тајно. Никој не знаеше за нас, ниту семејствата, ниту пријателите.Откако ја обзнанивме љубовта, почнавме да живееме заедно. – открива Нино за Машки магазин.мк

Нино не само што е одличен сопруг, татко, тој е и дедо на многу внучиња. Па секојдневието му е секогаш забавно кога го поминува денот со најмалите во семејство.

Исто така Нино открива дека следната година ќе организира свадба во црквата Свети Илија во Охрид,тоа била желбата на неговите деца и внуци, но и негова и на Лидија.

Нино Величковски е роден на 2.мај 1954 година во Куманово.

Оваа година Нино својот 66.роденден го прослави заедно со семејството, тој вели дека прв пат во животот слави роденден во вонредни околности, но како што вели тој човек се навкнува на се.

Поврзано

Back to top button