Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Џенифер Лопез денес полни 50 години, а нејзиниот вереник Алекс со романтично видео и го честиташе роденденот

Реклама

Џенифер Лопез наполни 50 години, а нејзиниот вереник Алекс Родригез објави романтично видео и порака со кои ѝ го честиташе јубилејниот роденден на својата сакана.

Фото: Pizzello

„Откако сме заедно, ти правиш да се чувствувам како секој ден да ми е роденден. Ти благодарам за твоите страст, енергија и инспирација и твојот бескраен стремеж да бидеш најдобра во сè што правиш.Ти едноставно си најдобриот животен сопатник. Најдобрата ќерка, најдобрата мајка, најдобриот изведувач. Те сакаме“ – ѝ вели Родригез во видеото во кое се прикажуваат снимки од нивниот заеднички живот.

Џенифер Лопез продолжува да ги привлекува погледите и да импресионира со фигурата и стасот, иако официјално влезе во шестата деценија од животот.

Маркетинг

Секојпат кога медиумите ќе ја прашаат за совети за беспрекорен изглед без брчки и траги од стареење, таа им кажува дека редовно се мачка со крем за заштита од сонце и секоја ноќ се обидува да спие осум до десет часа.

https://www.instagram.com/p/B0SFuoegEeJ/

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button