Џенифер Лопез ги „фотошопира“ фотографиите на Инстаграм – погледнете како навистина изгледа во бикини (фото)
Иако познатата латино убавица им е идол на многу жени, поради нејзиниот изглед, фотографијата што се појави во јавноста докажува дека и Џенифер Лопез не е совршена, каква што ја сметаат многумина.
Имено, познатата пејачка си ги полнеше батериите на романтичниот одмор на Бахамите, каде што беше запросена од нејзиното момче Алекс Родригез.
Овие денови Џенифер беше фотографирана во дводелен костим за капење што ги откри нејзините недостатоци, иако многумина очекуваа совршено рамен стомак и совршено тенка фигура на пејачка .
Но бидејќи е во петтата деценија од животот, слободно можеме да кажеме дека познатата пејачка и во ова издание изгледа одлично, иако очигледно е дека и таа е една од оние светски ѕвезди кои радо користат Фотошоп за да изгледаат беспрекорно во виртуелниот свет .