Кога Џенифер Лопез ќе се појави на црвениот килим, сите други се во втор план

Познатата пејачка и актерка веќе со години ги воодушевува сите со својот феноменален изглед, а така беше и на доделувањето на „Gotham Independent Film Awards” во Њујорк каде се појави во проѕирен фустан.
Тесниот фустан од тил совршено ги нагласи нејзините женствени облини и телото на кое напорно работи во теретана.

Но благодарение на нејзината упорност и посветеност Џенифер и на 50 години ги воодушевува сите со својот изглед.
Фустанот со потписот на „Ралф и Русо“ го комбинираше со црни сандали на платформа и високи потпетици, како и мала чанта во слична нијанса, додека од накит носеше само преубави обетки, што беше сосем доволно.

Па, што велите за ова глам издание на пејачката?