Овие фотографии со Џенифер Анистон само ја потврдуваат приказната дека познатата актерка е бремена?
Познатата американска актерка откако во 2000 година влезе во брак со Бред Пит редовно ги полни медиумите со приказни дека можеби е бремена. Но овој пат папараците ја фотографираа на сетот за снимањето на нејзиниот најнов филм, комедијата „Murder Mystery“ кој се снима во Лос Анџелес, а според ewidea.com.au. токму фотографиите се доказ дека е бремена.
Имено, како што пишува порталот, детаљот што на сите им влезе во очи е тоа што Џенифер цело време се држела за стомакот како да сакала да ги пренесе радосните вести. Таа носеше тесни фармерки и црна маица со кратки ракави со кои ја истакна сојата одлична линија, но се уште се нема огласено во врска со нејзината наводна бременост.
Инаку, неодамна медиумите пишуваа и дека Џенифер е подготвена да го направи својот голем чекор во животот, а тоа е да посвои 13 месечното девојче од дом за сираци во Мексико. Како што пренесуваат тие, а според добро информирани извори, Џенифер веќе неколку месеци помагала во два дома за сираци во оваа држава и за време на последната посета била воодушевена од преубавото девојче.
Само да потсетиме, Џенифер во првиот брак со Бред Пит беше од 2000 до 2005 година, кога тој ја остави заради Анџелина Џоли. Потоа си ја испроба својата среќа со актерот Џастин Тирокс со кого застана пред олтарот во 2015, но по две и пол години тие одлучија да се разделат.
Неодамна се шпекулираше дека повторно се гледа со Бред Пит, но овие информации досега никој не ги потврдил.