Џастин Бибер фатен како турка количка за близнаци – ќе се изненадите кога ќе видите што вози во неа
Познатиот пејач „скокна“ до блискиот ресторан, а по пат се сликаше со своите обожаватели
Една од најпознатите музички ѕвезди на светот, Џастин Бибер (24), ги остави сите во шок кога на улиците се појави со своите кучиња – во количка за близнаци.
Имено, откако неодамна доживеа нервен слом поради лошата здравствена состојба на неговата поранешна девојка Селена Гомез која беше и хоспитализирани поради тоа (види тука), а со што покажа дека се уште не му е сеедно во врска со неа, пејачот се опорава покај своите домашни миленици со кои редовно се дружи во своето слободно време.
https://www.instagram.com/p/BlMykumDTeB/?taken-by=justinbieber
Иако неодамна во тајност се ожени со убавата манекенка Хејли Болдвин, Џастин овој пат на прошетка беше без неа и тоа туркајќи количка за близнаци, а во неа ги смести своите симпатични влакнести пријатели.
На патот кон ресторанот тој и неговите неразделни пријатели радо се фотографираа со обожавателите.