Џаро славеше роденден – еве колку години наполни
Ѕвездата на едно старо добро време кое веќе го нема славеше роденден.
Џаро направи роденденска забава со најблиските.
„Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари“.
Ова е цитат, дел од книгата посветена на Велибор Џаровски – Џаро, која ја напиша неговата ќерка Милица Џаровска.
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска
Еден од најдобрите и најпознатите менаџери во Југославија имаше можност да соработува со најголемите музички имиња – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевич, Бјело Дугме и многу други.
Секогаш отворено и искрено зборувал за својот турбулентен начин на живот и местенките кои ги направил во фудбалските натпревари.
ФОТО: Инстаграм / Милица Џаровска
Тој е вистински пример како човек може да се издигне од секоја лоша ситуација како Феникс, а него тоа му успевало многу пати.
Џаро го прослави својот 75 роденден, а неговата ќерка сподели фотографии од неговата роденденска забава во една од скопските кафеани.
Опкружен со најблиските и најсаканте Џаро уживаше во овој посебен ден за него.